Добредојдовте во Комплекс Комитски Конак – место каде што секој момент станува незаборавно искуство! Уживајте во совршен спој на удобност, релаксација и врвна гастрономија. Откријте сместување со приватна сауна и џакузи, уживајте во најдобрите гурмански специјалитети, освежете се во модерната теретана, или релаксирајте со партија билјард. Идеално за романтично бегство, деловни настани или семејни моменти, Комитски Конак е вашата дестинација за совршен одмор.
Mесто каде што секој момент станува незаборавно искуство!

Ресторанот во нашиот комплекс е идеално место со уникатен патриотски амбиент. Идеален е за ручеци и вечери со семејството и пријателите, но и за Вашите свечени моменти и прослави.

Сместувањето е создадено за Ваша целосна релаксација и незаборавно искуство. Пријатна атмосфера, удобност и амбиент, кој престојот ќе Ви го направат за паметење. Создадете спомени што ќе траат!

Опуштете се со семејството или пријателите со партија билјард. Овој простор е наменет за релаксирање на гостите на Комплексот, но е од отворен тип и за сите љубители на добра партија билјард.

Kонференциската сала е идеална за организирање состаноци, семинари, тим билдинг, работилници и други настани. Салата е пространа, удобна и опремена со сè што е потребно за успешна реализација на Вашиот настан.

Нашиот комплекс Ви нуди врвно доживување со соби опремени со приватна сауна и џакузи, создадени за Ваша целосна релаксација и уживање. Независно дали планирате романтично бегство или моменти на мир и тишина, ние Ви гарантираме искуство кое ќе го паметите.

Откријте го најголемиот избор на гурмански специјалитети што никого не оставаат рамнодушен. Доживејте незаборавно гастрономско искуство во нашиот ресторан.

Во теретаната на Комплекс Комитски Конак, пронајдете мотивација и енергија за активно уживање. Нашиот простор е опремен со модерна опрема за вежбање, идеална за Вашиот фитнес режим.

Запознајте го богатството на вкусови во нашето мени. Одберете од внимателно подготвените традиционални специјалитети и интернационални јадења. Уживајте во вкусот на традицијата, која кај нас се подготвува со многу љубов!